Битолчанец чиј идентитет се уште не е познат брутално нападна куче и е снимен како носи нешто што личи на оружје сокриено во платно.
„Зошто го уби кучето? Легално ли е тоа што го носиш?“, женски глас му дофрла на човекот кој агресивно одговара дека неговата сопруга била нападната од кучето.
Видеото се споделува на социјалните мрежи со пораки од граѓаните кои бараат да се казни насилникот.
Од здруженијата за заштита на животните постојано има јавни повици да престане насилството врз уличните кучиња, кои во минатото често беа снимени од очевидци и потоа санкционирани.
Пред повеќе од една година, советникот на Општина Македонски Брод, Бране Јованоски, доби две пријави откако беше снимен како шутира куче.
Во Кривичниот законик за изживување врз животни е предвидена казна затвор до една година.