(ВИДЕО) Бесими: Потполно верувам во ставот на амбасадорот Волерс

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека очекува повторно да добиеме препорака за почеток на преговори со ЕУ, но и дополнително да се работи на политичкиот дијалог, прашањето за името, односно отворените прашањата со соседите, судските реформи, слободата на изразување, изборниот законик и меѓуетничките односи.

Бесими очекува објективен извештај.

Според него важно е да има напредок во однос на политичкиот дијалог. Задоволен е од потегот што Демократската партија на Албанците го презеде, односно да се врати во Собрание.

„Сличен потег во однос на политичкиот дијалог е важно да гледаме и до страна на СДСМ, затоа што е важно да функционира политичкиот дијалог во Македонија. Тоа е симетричен процес, не е само едностран, не е само да се обвини опозицијата или да се обвини власта. Се работи за интерес на Република Македонија, главниот интерес се европските интеграции“, вели Бесими.

Бесими не даде конкретен одговор на прашањето дали е избрзан демаршот кој го упати Министерството за надворешни работи до американската амбасада поради изјавата при сослушувањето на новиот американски амбасадор.

„ Тоа е проценка на Министерството за надворешни работи, но секако сметам дека кога се работи за некој стратешки партнер, треба да очекуваме едно објаснување што беше логично, за да имаме јасна позиција, да не оставиме простор за какво било двосмислено искажување во јавноста.Во ставот на амбасадорот Волерс верувам потполно и мислам дека граѓаните на Република Македонија немаат потреба да имаат никаква дилема во однос на нашето пријателство и стратешко партнерство со САД. Ако во овој период од независноста некоја држава покажала конзистентна политика за поддршка, меѓу другите пред сè тука се САД“, рече Бесими.

Вицепремиерот вели дека за решавањето на прашањето за името секако дека е потребен активен ангажман од двете страни.

„Оптимизмот го базирам на тоа дека има простор во целиот процес да се интензивира дијалогот и да се подигне нивото на дијалогот и да има поголема вклученост на меѓународниот фактор со точно одредена агенда и тајминг во однос на прашањето за надминување на разликите. И конечно, матрицата во пристап да се менува од две страни кои седат на спротивни позиции да го претвориме пристапот во еден на друг како двајца партнери во решението. Тоа како матрица може да помогне и за ова прашање“, одговори Бесими.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски