(ВИДЕО) Бачев: На трите клучни функции во државата да бидат православни Mакедонци

Од:

Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, предводена од Јанко Бачев лидерот на „Единствена Македонија“, промовираше уште еден како што вели тој стратешки чекор, кој ќе го спроведат доколку ја добијат довербата од гласачите.

„На трите клучни функции во државата како во сиот нормален свет на Запад мораат да бидат православни Mакедонци. Наша прва задача во Парламентот ќе биде да направиме промена на Уставот и Законот со кој ќе се предвиди дека највисоките државни функции – Премиер на државата, Претседател на државата и Претседател на Собранието мора да ги водат православен и Македонец. Ова е практика во сите западни и развиени демократии посебно во монархиите. Пример е Англија. Таму без проверка на нивната служба за безбедност, кој го испитува секој кандидат за премиер наназад до четврто колено не може да биде премиер. Ние тука имавме поразителна ситуација. Во 2017 кога дојде до промена на Власта. Видете ги трите битни функции – Горѓе Иванов беше претседател на државата, тој не е Македонец, ама е православен. Зоран Заев како премиер беше Македонец, а не е православен. Талат Џафери не е православен и не е Македонец. Имавме поразителна ситуација највисоките државни функции да не ги водат Македонци и православни“, вели Бачев и додава:

„Да не бидам погрешно разбран, ова не е никаков шовинистички испад, во втор и трет ешалон слободно можат да бидат припадници на другите националности“, истакна Бачев.

Инаку коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, својата платформа ја наслови „Битка за Македонија со 10 стратешки определби.

Оваа платформа е поделена низ Македонија во 100 000 примероци.

Бачев во име на коалицијата го повика народот масовно да излезе на 15 јули, бидејќи како што вели ние како „Единствена Македонија“ и коалиција „Никогаш Северна, само Македонија“, ја бараме првата шанса на изборите, а тоа може да биде и последната шанса за Македонија.

Би можело да ве интересира

Полицaeц се заканувал и навредувал соселанец во гостиварско Тумчевиште

А1он

ДИК: Немало прекин ниту инцидент во Бутел, недоразбирањето околу фотографирање на гласачко ливче е надминато

Маја Илиевска-Пачемска

Гостиварски регион: одѕивот до 15 часот најголем во градот – 23.57 отсто

А1он

Краток прекин во гласањето во Липково, не се согласувале сериските броеви на гласачките ливчиња

Маја Илиевска-Пачемска

Вевчани со одѕив од 49,22 отсто до 15 часот, во целата земја одѕивот е 31 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Битолско: Во Могила 33.8%, во Новаци 51.5% од запишаните гласале до 13 часот

А1он