(ВИДЕО) Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“

Од:

„Денешната прес конференција условно е во два дела, во првиот дел се осврнувам на планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите и вториот дел, да споделам со јавноста факти и докази за изборниот фалсификат спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“.

На 15 јули во Македонија се случи историски скандалозен преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите. Планот е изготвен од некои го нарекуваат длабоката држава, некои „сценаристот“, а ние го нарекуваме „ѕверот“, во содејство со марионетската власт во Скопје“, рече Јанко Бачев – Единствена Македонија.

„Како претседател на Единствена Македонија имам силна обврска да проговорам за овој монструозен план на „ѕверот“.

Јавноста виде како поствеста го издава Заев по изборите кога во неговите изјави е многу посмирен кога зборува дека го победил ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, а блика од радост и едноставно урла кога вели дека анти НАТО силите во земјата по изборите се целосно маригнализирани, целосно поразени, со што ја оцртува Единствена Македонија.

И тука, сакале или несакале да признаеме, Заев е во право, бидејќи планот на „ѕверот„ се оствари и Единствена Македонија не е поразена, туку, се одело на тоа да биде понижена на изборите.

Ова е болен план на уплашени луѓе кој краткорочно успеа, но, долгорочно гледано ќе биде неуспешен.

Суштината на планот е битката на „ѕверот“ со наводното руско влијание во Македонија и во таа битка Единствена Македонија е колатерална штета иако ниту имало, ниту пак има наводно руско влијание во земјата.

Да потсетам, „ѕверот„ не може да и прости на Единствена Македонија како предводник на блокот „Македонија – Бојкотира„ и големата победа на референдумот кога праткично во дваесетдневната кампања во септември 2018 ги победивме заедно со народот со еден брендиран автобус со кампањата речиси во секое населено место во државата.

Тогаш, на 17 септември 2018 во референдумската кампања лично дојде и претставникот на “ѕверот“, американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис и уште за време на летот до Скопје во авионот пред присутните новинари изјавил, цитирам: „Москва ќе се меша, нема сомнение дека Москва финансира проруски партии во Македонија со цел неуспех на референдумот, префрлаат пари и спроведуваат кампања за влијание и дека доаѓа во Скопје за референдумот да го сруши злонамерното руско влијание, или со други зборови да ја сруши Единствена Македонија како единствена партија која гледа на светот подалеку од Брисел и Вашингтон и која во тој момент водеше кампања за бојкот, наспроти кампањата на марионетската власт во Скопје.

Познато е, по Џејма Матис, во тој период во Скопје дојдоа повеќе претставници на „ѕверот„ како на пример, Меркел, Столтенберг Тереза Меј, и повеќе министри за надворешни работи од земји – членки на ЕУ. Но, се беше залудно, на референдумот го поразивме“зверот“. И тогаш тргна големата лага и оцрнување на Единствена Македонија дека е руска инсталација, добива руски пари и слични глупости.

Посебно револтирани биле марионетската власт во Скопје и тогашниот експонент на „ѕверот„ во Скопје, амбасадорот Џес Бејли од нашите две реакции во јавноста на денот на доаѓањето на Џејмс Матис, првата, „Злонамерно влијание во Македонија има од НАТО, а не од Русија и втората порака што ја упативме „Извини Џејмс, морално е, овојпат македонскиот народ ќе победи“.

Патем, две години подоцна дојде потврдата за големата лага за наводното руско влијание, јавноста е сведок, пред десетина дена излезе акција на Службата за државна безбедност со кодно име „Атлантик“ од кое се гледа дека службените белешки на тајната полиција за наводни руски пари биле од кафеански муабети со кои го бламирале и Заев, кој, како премиер во тоа време викаше дека има силни докази за руски пари во Македонија и на крај излезе едно големо ништо.

Некаде околу нова година кога почнуваат внатрешните подготовки за изборите, внимавајте добро, на Заев од претставниците на „ѕверот„ во Македонија му е презентиран планот дека по секоја цена на изборите што следат мора да се понижи Единствена Македонија како некоја симболика за победа над наводното руско влијание во Македонија и со тоа да се упати суптилна порака за наводниот голем пораз на руското влијание во Македонија и наводната целосна определба на македонскиот народ за НАТО и политиката на „ѕверот“.

И еве, на изборите Заев го спроведе планот на „ѕверот“ преку својата инсталација – ДИК, и во таа битка за влијание во Македонија, Единствена Македонија излезе колатерална штета на изборите.

Значи, за референдумот го победивме „ѕверот“, но сега „ѕверот“ ни врати. Сега сме кажано со спортски речник, нерешено, останува да видиме кој ќе победи во коечната пресметка.

Во овој прв дел од пресот да спомнам дека планот на „ѕверот„ предвидел и наменско промовирање на нов политички субјект на кого му запишуваат околу 35.000 гласови по задача. Што е поинтересно, овој политички субјект кој гопромовираат настапи и со одделни неправилни листи а не треба да образложувам што значи од ДИК да пуштат неправилни листи на изборите. Како е формиран овој субјектт и како делува во изминатите години ги имаме сите факти и докази, но, за ова во друга прилика.

Дозволете ми сега во вториот дел од пресот да се осврнам на некои конкретни околности за тешкиот изборен фалсификат на изборите спрема Единствена Македонија. Обично се вели дека нема совршено злосторство, при секое злосторство мора да останат траги. А еве некои траги:

– прво, на ДИК по изборите им фалат 2.013 гласачки ливчиња со кои е правен масовен фалсификат по моделот на т.н. бугарски воз. Откако го обелоденивме овој факт, ДИК експресно излезе со одговор дека било „техничка грешка“;

– второ, моите билборди во Струмица каде беше клучната битка со Заев, веднаш по монтажата се отстранети уште првиот ден од кампањата, иако уредно се платени. По изборите, поднесовме приговор, еве го одговорот, внимавајте добро, пак истата формулација „техничка грешка“. Билбордите за мене беа воглавно клучниот начин за рекламирање, бидејќи јавноста е запозната дека од октомври 2018 година јас сум единствениот претседател на партија, со официјална, повторувам, со официјална забрана од телевизиите за настап на дебатни емисии;

– трето, добивме фрапантен податок од терен дека дури 24.066 гласачки неважечки ливчиња се однесуваат на редниот број 11, а тоа се наши гласови. ДИК не дозволува да направиме увид и јавноста официјално да го види овој тежок фалсификат иако член 22 став 7 од Изборниот законик е јасен, цитирам: „Овластениот претставник на подносителот на листата има право на седница на изборен орган да побара и да изврши целосен увид во целокупната документација на изборниот орган“. Од овој законски член ДИК бега како од ѓавол од крст, и ДИК не го спомнува никаде во нивните, туку ја манипулира јавноста со цитирање еден куп други членови од законот иако овој член е јасен и во наша корист како подносител на листи;

– четврто, во заднина без да знае никој, ДИК го брише од избирачкото ливче називот „Никогаш северна – само Македонија“ иако листите се поднесени со тој назив. Дури, на 65-та седница ДИК и официјално потврдува дека сме со назив „Никогаш северна – само Македонија“

– петто, ДИК прави ждребање и повторно не заведува како „Никогаш северна – само Македонија“;

– шесто, на официјалната веб страна ДИК листите ги објавува како „Никогаш северна – само Македонија“;

– седмо, потсевста е чудна работа и членовите на ДИК се срамат на нивната веб страна да го објават само нашиот приговор и нивната одлука по нашиот приговор бидејќи нивната оидлука е жива карикатурта и смејуриња. А од друга страна, на вев страната ДИК ги има објавено сите одлуки на сите други партии. а се срамат да ја објават само нивната одлука по нашиот приговор.

Со еден збор, во последен момент не бришат и ние настапуваме на изборите како безимен субјект со што ни е направена немерлива штета, бидејќи, народот не препозна како Коалиција „Никогаш северна – само Македонија“ а и ДИК до последен момент не најавуваше како „Никогаш северна – само Македонија“.

Ја користам приликата во мое име, и во името на Единствена Македонија да им се извинам на ФРОДЕМ, Тврдокорни, Унијата на ветерани на ВМРО 1990, Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ и Заедницата на македонските друштва од Швајцарија кои беа наши коалициски партнери во Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ и кои ни криви ни должни се оштетени со тешкиот изборен фалсификат од планот на „ѕверот„ спрема Единствена Македонија.

За крај, Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ никогаш нема да ги признае овие избори со кои е направен тежок изборен фалсификат. Неделава, најавувам, ја започнуваме постапката и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Сосема за крај, му порачувам на „ѕверот“ и марионетската власт во Скопје дека ова е нивна краткорочна победа, бидејќи, на крај, во контекст на новите геополитички околности во регионот, кои се најавуваат, доаѓаат, „ѕверот“ ќе биде поразен и Македонија ќе победи“, изјави Јанко Бачев – Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска