(ВИДЕО) Асфалтен бум на Бочварски: Петте километри автопат кај Катланово се санираат три и пол години

Од:

Точно една година помина откако Јавното претпријатие за државни патишта најави дека за делницата Петровец – Катланово ќе се избере нов изведувач кој ќе има рок да го рехабилитира автопатот од 12 месеци, а шест месеци откако министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави асфалтен бум во 2023 година.

Ниту петте километри автопат не се санирани, ниту се гледа дека во догледно време делницата ќе се пушти за употреба, а фрекфенцијата поради годишните одмори е драстично зголемена.

Најавувајќи го асфалтниот бум пред новогодишните празници, Бочварски рече дека оваа година ќе продолжат градежните работи и со силна динамика новата компанија ќе го заврши рехабилитирањето на делницата Катланово – Петровец која е дел од коридорот 10 и која беше стопирана откако се раскина договорот со „Бетон“.

– Есента во 2020 година почна изградбата, но кога заврши договорот во 2022 година, прогресот на работите на терен изнесуваше десет проценти. Беше дадена можност на изведувачот да покаже повеќе, но не се успеа во намерата. Во консултација со Европската банка за развој, договорот беше раскинат и се распиша оглас за нов изведувач – додаде министерот.

Новиот изведувач најави дека до крајот на оваа година ќе биде обновен патот и ако се собере работата на неговиот претходник, како и шестмесечниот прекин среде туристичка сезона, математиката вели дека рокот за реконструкцијата на пат од должина од пет километри ќе трае три и пол години.

Дополнителен проблем е заштитата на учесниците во сообраќајот во време на туристичка сезона и зголемена фрекфенција на транзитирање на автопатот „Пријателство затоа што влезот и излезот кај почетните точки на реконструкција се небезбедни, а подлогата е искривена и уништена што ја прави посебно ризична за тешките возила.

Рехабилитацијата со проширување опфаќа 5,179 киометри од десниот и 4.752 киометри од левиот коловоз. На левиот коловоз требаше да се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента.

Инвестицијата во активностите за рехабилитација и проширување на делницата во должина од 10 километри изнесува 7,2 милиони евра. Надзорен орган е ГИМ заедно со Евроконсалтинг и ИРД.

Би можело да ве интересира

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

Орце Костов

Наместо за 10, автопатот Кичево-Охрид ќе се изгради за 12 години: Собранието го поддржа предлогот за нов рок

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Завршува обновата на автопатската делница Катланово-Петровец

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он