(ВИДЕО) Арсовски: Власта ги става партиските и бизнис интересите пред интересите на Охрид

„Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ.

Политичките, партиските и бизнис интересите ги ставаат пред интересите на Општина Охрид и сите граѓани кои што живеат таму.

Молк владее и кај локалната, богами и кај централната власт за нелегалната градба која никна на самото крајбрежје на Охридското езеро. Овој пат тоа е бетонска база која без дозвола ја гради добро познатиот советник од Охрид, Нефи Усеини кој инаку е многу близок со раководството на СДСМ во Охрид и со градоначалникот. СДСМ за оваа бетонска база се прави недоветна, иако ги има сите полуги на системот во свои раце“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме дека истиот овој советник е поврзан со изградбата на нелегалната тераса во Охридската чаршија покрај чинарот во самиот центар на чаршијата. Ниту за ова немаше никаква реакција од институциите, од проста причина што со истиот Нефи Усеини, СДСМ и градоначалникот имаат направено политички пазар. Сега гледаме дека политичкиот пазар подразбирал и изградба на бетонска база, повторно нелегално, на самиот брег на Охридското езеро со цел да се бетонира упропастувањето на целиот Охрид.

Тоа што Охрид се претвора во џунгла со дивоградби, тоа што Охрид ќе биде тргнат од листата на УНЕСКО, тоа што нелегално се градат хотели, минариња, тераси и бази, сето тоа оди на душа на Зоран Заев кој сето тоа го одобрува и дозволува.

Бараме надлежните институции, како локални, така и централни да се охрабрат, да не се плашат и покрај притисоците кои што ги врши Заев и да превземат соодветни мерки и да го санкционираат ваквиот башибозлук. Урбаната мафија во Охрид можеби сега се чувствува заштитена од Заев и не се плаши, ама верувајте дека со падот на овој криминален картел на власт сигурно ќе дојде време кога сите тие ќе одговараат за сите постапки кои што ги прават на нелегален начин, бидејќи кривичните дела не застаруваат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трипуновски: Власта наместо да ужива во климатизираните кабинети да работи на унапредување на аграрот

Спојувањето на СЈО во ЈО е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, но не и предлогот Русковска да го води обвинителството

(ВИДЕО) Арсовски: Луѓето вклучени во рекетот ги потпишуваат декларациите за гонење на криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев се синоним за криминал и корупција

Охрид нема да ги врати ингеренциите, туку дивоградбите ќе ги руши заедно со Владата

Татјана Ташкова

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го претворија СЈО во партиска испостава која служи за собирање на рекет за лично богатење