(ВИДЕО) Арсовски: МРТ не може да не убеди дека е независна

Од:

Актерот, Петар Арсовски, редовно учествува на протестите пред МРТ и пред Јавното обвинителство со кои се бара политичка независност на јавниот сервис.

Присуството на овие протести го смета за негова граѓанска должност и вели дека ќе продолжи да протестира се додека националната телевизиска куќа не почне да работи за граѓаните, а не за владејачката политичка елита.

– Тоа е наш сервис, ние го плаќаме, затоа сум револтиран и затоа доаѓам, и ќе доаѓам се дур не го ослободиме. Во ова време неинформиран човек е како слеп и глув човек, кога нема доволно информации не може ни да размсилува правилно. Ослободувањето на МРТ е мисија која ја имаме сите за конечно да го вратиме на граѓаните. Ние сме сопственици, ние го плаќаме, а со него владее Владата која нема интерес граѓаните да се информираат затоа што така со нив потешко се владее – вели Арсовски.

За време на вчерашната дебата во емисијата „Акцент“ на МРТ гостуваат тројца новинари и за прв пат по подолго време еден кој е критички ориентиран кон власта. Арсовски смета дека ова е обид на уредништвото на МРТ да наметне привид дека известува балансирано.

– Граѓанскиот притисок постои, но сакаат да предизивикаат привид. Меѓутоа тоа е сеење магла и замајување на гледачите бидејќи таа дебата беше смешна. Латас е веќе познат и отпеана песна, гостувањето на другите е привид, ги знаеме нивните ставови, сме ги чуле и претходно. Јас сакам во таа телевизија да влезе обичниот човек, зошто не го пуштаат генерал Ангелов на пример? – вели тој.

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска