(ВИДЕО) Арсовски: Кои барања на источниот сосед ги прифатиле Заев и Димитров во Берлин?

Од:

Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски се луѓето кои го излажаа и изманипулираа целиот македонски народ – обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција.

„Домат“дипломатијата и „Кај си љубави те поздрави Зоки” дипломатијата не може да не однесат како држава во ЕУ. Пазарџиското однесување на Заев, каде што ветува, а не исполнува не е и не може да биде начинот и патот на станување земја членка на Република Македонија во ЕУ.
Заев, Пендаровски и Димитров неколку дена молчат и не кажуваат што тоа договориле во Берлин, односно што прифатиле во Берлин на штета на македонскиот народ?“ – рече Арсовси.
Тој уште вели дека сите политички субјекти и најважно граѓаните за преговорите со источниот сосед дознаваат од бугарските медиуми и од бугарските политичари кои како што вели гордо се фалеле со се што им ветил Зоран Заев.

„Сите политички субјекти и најважно граѓаните, за преговорите со источниот сосед дознаваат од бугарските медиуми и бугарските политичари кои што гордо можат да се пофалат со се она кои што им го ветил Зоран Заев.
Заев и останатите од СДСМ и од Владата ги потценуваат граѓаните мислејќи дека нема да се дознае што ветуваат, и што договараат и нормално што прифаќаат.
Она што може да се сретне и чуе низ бугарските медиуми и политички чинители е дека постоеле три услови, а тоа се јазикот, името на државата и добрососедските односи, односно ова се услови кои директно удираат врз идентитетот, државноста и постоењето.
Никој не ги споменува историјата и хероите, и тука сакаме да прашаме дали тоа значи дека Заев, Пендаровски и Димитров и останатите прифатиле се што источниот сосед побарал во однос на историјата и историските личности, односно македонски херои“ – додаде Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени