(ВИДЕО) Арсовска нема мислење за Груевски, а билбордите за Мицкоски не ги нарачала: Немам таква моќ

Од:

„Немам коментари никакви, не ме интересира политика“. Ова беше одговорот на Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје, прашана од „А1он“ како и се допаѓаат билбордите со ликот на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ со кого влегоа во војна.

„Немам ниту таква моќ, ниту такви средства, ниту правам такви нарачки, ниту имам зошто. Вие самите знаете кои се луѓето кои што имаат моќ да прават такви работи во градот и државата, а во ниту еден случај тоа не сум јас“, кажа Арсовска.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тајни средби на Арсовска со луѓе од СДСМ, како и дека е нивни играч, таа вели: „Верувам дека на судот на граѓаните е да процени кој е во право во овој случај. Јас сум сама и немам проблем да застанам против сите, кога се работи за јавен интерес и кога се работи за заштита на она што го гледаме изминатиот период“.

Прашана, дали таа е играч на Никола Груевски, експремиерот кој е бегалец во Будимпешта, Арсовска одговори: „Немам контакт со никого и ниту еден политички лидер, поранешен, сегашен, надвор од професионалното, она што го извршувам од аспект на градоначалник на Град Скопје“

„Немам мислење“, одговори Арсовска на прашањето кое е нејзиното мислење за Груевски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација