ВИДЕО: Арсовска избегнува да каже дали некогаш менаџирала со спортската сала „Расадник“

Од:

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска не одговори на прашањето дали некогаш менаџирала со спортската сала Расадник. Наместо конкретен одговор, таа кажа дека нема дамка во нејзиното 20 годишно работење.

Вчера пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски објави дека две фирми на кои Арсовска била управител и сопственик со години ја имале под закуп спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, за што тој презентира и документи според кои фирмите не платиле струја во висина од 54 илјади евра.

Арсовска вчера демантираше дека има фирми и долг.

-Јас ниту имам фирма на мое име, ниту имам долг по основ на неплатена сметка за електрична енергија. Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години не сум активна во ниту една фирма, рече таа вчера, но на денешната прес-конференција на прашањето што работела пред ангажманот во ССК и дали некогаш ја менаџирала спортската сала „Расадник“, избегна конкретно да одговори.

-Јас имам над 20 години работно искуство и во сите овие 20 години години работам како економист. Верувам дека прашањата ви се адресирани во врска со она што вчера срамно излегоа некои да го изјавуваат, а точно еден час по прес-конференцијата на која кажав дека ќе се ревидира се што е направено во Град Скопје и оние што потрошија четири буџети во четири години ќе имаат одговорност.

Стравот и нервозата се тие што предизвикаа некој за еден час да трча и да излегува со лажни обвинуувања за што ќе следи соодветна тужба. Јас немам намера на два дена пред избори односно пред моментот Скопјани кога одлучуваат, да се објаснувам со луѓе кои бесрамно лажат. А стравот срамот и ова безобразие скопјани го гледаат. Она што мора да се знае дека 42 години немам никаква дамка професионално и доколку би имала не би се впуштала во трка да се натпреварувам.

Затоа ќе си следи тужбата денеска за овие кои што лажат и манипулираат и кои 42 години немаа ништо да кажат лошо за мене и сега токму го вадат зошто се уплашени дека ќе им го ревидирам работењето, рече Арсовска.

На повтореното прашање дали некогаш менаџирала со спортската сала Расадник, повторно го избегна одговорот.

-Немам намера да се појаснувам натаму со луѓе кои еден час откако кажав дека ќе одговараат истрчаа да склопуваат набрзина некои измислици.
Сите наводи ќе ги докажам во судска постапка, затоа што тој може да каже и дека сум утепала човек, зарем пред вас медиумите ќе се докажувам? Како интелегентен човек кој има кредибилитет, не би си дозволила да влезам во трка со вакви лажови и манипуланти за да ме валкаат во кампања. Сега им текна кога ги повикав на одговорност? Слободно нека лажат и манипулираат има уште два дена, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК