(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Од:

Денес фатен нов див приклучок на вода и изготвена е кривична пријава за сторителот, кој во општина Сарај незаконски се приклучил на мрежата за питка вода да си ги наводнува на НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластениците, информира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Поради случаи како овој, каде не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со сериозен недостаток на притисок во урбаните и руралните средини и недостаток на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра која ја трошел, оштетувајќи го и ЈП Водовод и канализација Скопје.

https://www.facebook.com/share/v/16U4J66Y8i/

Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатирана е енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. Конкретно во јуни годинава дневната потрошувачка на водс во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700l вода по глава на жител.

Потрошувачката е предизвикана од трошење на вода без усул за полевање на ниви, за перење возила, полнење на базени. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето.

Институции, МВР, Јавно обвинителство, не постапувајте вие и понатаму, во безредие секој мисли дека може бидејќи можат ликови како Висар Ганиу, како децата бизнисмени на 5 години, како оној со дивоградбата од пластичарска што вчера цел ден се заканува, наведе Арсовска.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие