(ВИДЕО) Арсовска до приватните превозници: На суд докажувајте дали ЈСП ви должи, ќе има јавен повик за нови превозници

Од:

Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се издавале за нив фискални сметки, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им порача на приватните превозници кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи.

– Јас имам впечаток дека сите сме тука да го штитиме јавниот интерес, ако го штитиме приватниот џеб, демантирајте ме. Си има договорни обврски, некој не ги почитува, некој престана да ги вози граѓаните и договорите се раскинати. Ќе има јавен повик за превозници и тие ќе можат да си ја остваруваат својата дејност чесно рече Арсовска.

Арсовска рече дека и кон ЈСП има долгови, како на пример тој од Општина Бутел, но вели, претпријатието не затвори булавари и не ја блокираше општината.

-Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба. Така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните – одговори Арсовска на советничко прашање потенцираше градоначалничката.

Директорот на ЈСП, Александар Стојковски објасни пред советниците во Град Скопје дека претпријатието ги исплатило сите долгови кон ЈСП. И апелираше градот да распише нов Јавен повик за превозници и тие да се склучат со индивидуални компании.

– Сите нивни фактури се исплатени од 1 јуни наваму. Сите фактури од 155 милиони денари се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување и доколку сметале дека им се пробиени роковите, можеле да поднесат опомена пред тужба. Договорите со нив се исти со права и обврски како што ги имале и во претходните години.

Двата превозника влегувајќи во овој тарифен систем имаа задолжено карти само од 2017 година. Им беше најавено дека со следниот договор ќе треба да имаат автобуси со најмалку еуро 4 стандард. Апелирам следниот јавен повик да биде склучен со индивидуални сопственици, а не со група превозници за да ставиме крај на сомнежите – рече Стојковски.

Би можело да ве интересира

Градоначалничката Арсовска во ОЈО донесе докази за легализираните дивоградби во Чаир

Горан Наумовски

Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Ганиу да добие кривична или грант од Фонд за иновации за патување во времето, Арсовска повторно го прозва градоначалникот на Чаир

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он

(ВИДЕО) Ганиу исфрли ѓубре пред седиштето на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници во 25 општини, за Град Скопје се бара најдобриот кандидат

Горан Наумовски