(ВИДЕО) Анти – гејовите претепаа малолетник

Од:

Групата од 20-тина тинејџери кои неуспешно се обидоа да протестираат против геј парадата која и не беше никогаш закажана, брутално претепаа малолетник пред споменикот на цар Самоил. Иако од МВР негираат дека тепачите се од групата која најави антигеј протест,  очевидците од местото на настанот за А1он говорат спротивно.

– Tинејџерите седеа и се забавуваа пред споменикот Воин на коњ. Одеднаш, без никаква причина нападнаа малолетник. Тој остана да лежи на земја, при што веднаш се повика полиција – велат нашите соговорници.


Амбулантно возило и МВР пристигнаа веднаш на местото на настанот.

Од МВР информираат дека добиле потврда за случајот во 15:30 минути. Според нивни информации, малолетникот бил нападнат од друго малолетно лице, но не од група на тинејџери. Од полицијата не го откриваат ниту идентитетот на малолетникот, но сигурно не припаѓа на никаква групација, посебно што геј парада или марш немаше ниту закажано.

Тие негираат дека претепаниот малолетник бил нападнат од демонстрантите кои беа присутни на плоштадот.

Сепак, камерата на А1он успеа да ги фати тинејџерите како бегаат кон сендвичарата „Чичко Стоилко“ кои се сокрија во Градскиот трговски центар.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ

Десетици илјади лица учествуваа на геј парада во Тел Авив

Емир Латифовиќ