(ВИДЕО) Анкета: Македонски печалбари: Во државата ќе се вратиме кога ќе добиеме пензија

Од:

Германски, италијански, словенечки регистарски таблички, но внатре македонски државјани, ваква е сликата на граничниот премин Табановце. Деновиве се очекуваат неколку бранови печалбари од западноевропските држави поради летните одмори, информираат од граничниот премин. Екипата на „А1он“ направи анкета меѓу патниците кои чекаа за влез во државата и ги праша дали планираат да се вратат во државата. Поголемиот дел од нив пред камерата на „А1он“ изјавија дека одморот ќе го поминат во родната земја, но за враќање размислуваат дури откако ќе се пензионираат.

„Се враќаме од Германија, одиме за Дебар. Тука ќе бидеме три недели, од кои една недела можеби на море во Албанија. Ќе се видиме со роднините, ќе одиме на свадбите што се прават за летните одмори и нормално повторно се враќаме горе“.

„Работиме во Италија, а по потекло сме од Виница. Планираме да останеме шест недели на одмор. Тука ќе бидеме, во државата, и тука ќе ги трошиме парите, но само додека сме на летување. За враќање може да размислуваме по 5 до 6 години, откако ќе се пензионираме“.

Меѓу печалбарите бројни се и туристите кои само поминуваат низ Македонија, Словенци, Унгарци, Полјаци, Чеси… Тие не планираат да одмораат тука, патот го продолжуваат најчесто на некој од островите во соседна Грција.

Би можело да ве интересира

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон

Нормализирана состојбата на граничниот премин Делчево

А1он