(ВИДЕО) Анима Мунди: Заштитата на коњите постои само на скапо платените билборди од ЕУ

Од:

„Под превезот на забава и традиција со години се одржуваат примитивни настани со копитари кои се приморани од нивните исто толку примитивни сопственици да влечат трупци со цел да се здобијат со парични награди и да ги задоволат нивните и на публиката – садистички нагони“, велат од Анима Мунди.

„Повеќе од очигледно е на видеата во прилог дека товарот кој се приморани овие кутри животни да го влечат е повеќе од нивниот физички капацитет бидејќи истите овој пат, а и сите предходни се монструозно тепани, туркани и влечени.

Сето ова со години се случува пред очите на јавноста и уште по трагично пред очите на официјалните инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство кои замислете овде никогаш не констатирале никаков прекршок и дозволуваат овие монструозни манифестации во кои животни се изложени на болка и страдање да продолжат да се одржуваат.

Иронијата во сето ова е што само пред некоја година Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе кампања за заштита и благосостојба на коњите и тоа беше прв и последен пат кога оваа институција навидум изрази било каков интерес за овие животни за што е повеќе од очигледно дека благосостојбата на коњите за нив постои само кога се работи за проект финансиран од ЕУ.

Повторно бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да ги забрани овие примитивни настани во кои страдаат оние што треба да ги заштитат.

Благосостојбата на животните во нормално општество не се имплементира само кога има профит туку секојдневно!“, соопштуваат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов