Стојанче Ангелов обвини дека премиерот Никола Груевски бил тој што барал да се направи анализа со која ќе се утврди можноста за употреба на албанскиот јазик на целата територија.
Според него, темата за федерализација, е анализа на Питер Фејт и е на барање на Муса Џафери.
-Деновиве од страна на пропагандата на режимот се актуелизираше темата околу некаква федерализација на Македонија, па сакам само да разјаснам дека анализата која што е работена од страна на фирма во сопственост на Питер Фејт, еден од клучните актери во 2001 година е на барање на Муса Џафери, вицепремиер од владата на Груевски така што премиерот Никола Груевски од буџетот обезбедил 200.000 евра да биде направена ваква анализа со која што се испитува можноста за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик на целата територија на Република Македонија, рече Ангелов.
Александар Тодески