(ВИДЕО) Ангелов го повика Заев да пушти снимки со местенки против него и Љубе Бошкоски

Од:

Откако претседателот на Достоинство, Стојанчо Ангелов, вчера влезе во МРТ со барање јавниот сервис да ги пушти снимките што ги презентираше опозицијата и им се обрати на полицајците пред Владата да не пукаат по сопствениот народ, на социјалните мрежи се пуштени лажни писма од 2011 година, тврди Ангелов.

-Со овие лажни писма во 2011 година и денес повторно сакаат да го извалкаат мојот углед, со нив, за жал, во 2011 година успееја. Се работи за писма во кои наводно се допишувале Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, а за кои Ангелов поднел кривична пријава и ги тужел медиумите кои и покрај демантот ги објавиле овие писма како вистинити. Тој на суд го изгубил случајот, но наводните писма на двајцата опозициски лидери од десницата повторно се актуелизираат заради активирањето на Ангелов.

– Затоа го повикувам лидерот на опозицијата, Зоран Заев доколку поседува разговори од исготвувањето на овие гнасни, невистинити писма и воопшто од сите изборни манипулации поврзани со Љубе Бошковски и со мене, бидејќи ние бевме посебна мета во 2011 година, па и на овие парламентарни избори, го замолувам да ги објави тие разговори, рече Ангелов.

А.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов подготвуваат офанзива

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Изјавите на Груевски можат да предизвикаат сериозни инциденти

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ангелов: Пописот е првиот проект доколку освоиме повеќе од 15 пратеници

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

А1он