(ВИДЕО) Аневски: Катица Јанева го прекрши законот со исфрлањето на двете обвинителки

Од:

Катица Јанева го прекршила законот за јавно обвинителство и законот за работни односи затоа што по нејзино наоѓање ги отстранила од работните места и на брутален начин со асистенција на судската полиција ги исфрлила од нивната канцеларија двете обвинителки Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска. Ова е заклучокот на Советот на Јавни обвинители по обемната дискусија за двете обвинителки, кој беше соопштен од претседателот на Советот, Петар Аневски.

– Катица исто така во писменото обраќање наведе дека сами тие побарале да заминат, и тоа не е точно и буквално речено писмото е со невистинита содржина, такво барање нема и не произлегува од исказот на двете јавни обвинителки, рече Аневски.

Според него, Советот на обвинители утврдил дека двете обвинителки се избкани од работа, и не се отстранети поради намален обем на работа.

– Односот е непристоен и неетички, и на наредната седница членовите од Советот бараат да видат колкав е обемот на работа и тогаш е можно да донесеме одлука за намалување на обвинителството на Јанева од 12 на 10 обвинители, како и да решиме за судбината на обвинителките каде ќе работат, рече Аневски и посочи дека Советот смета дека Јанева треба да продолжи да работи.

– Нема да покренеме дисциплинска постапка, а за неа треба да покрене постапка само републичкиот јавен обвинител и виш јавен обвинител. Таа непрофесионално, неетеичко и незаконито ги отстранила двете обвинителки и во нејзиниот исказ кажува: “Погрешив, навистина требаше да ве известам но во иднина ќе се трудам да ве контактирам и нема да носам одлуки без вие да бидете информирани претходно“, рече Аневски.

– Вистинската причина таа вика дека е намалениот обем на работа, но начинот на кој се исфрлени без да бидат известени благовремено, се кажува. Таа има автономија, но за своето професионално работење ќе одговара пред Советот на јавните обвинители, а на секои шест месеци извештај ќе доставува пред Собранието и Советот на јавни обвинители, рече тој.

Советот расправал и за претставка од судија на Управен суд против јавен обвинител од обвинителството на Катица Јанева кој барал во кафеана судијата да се признесе зашто била донесена одредена судска одлука од него пред неколку години.

– Сметаме дека тоа е непристојно однесување, но ово оваа фаза одлучивме претставката да ја пратиме кај Катица Јанева да оцени дали таа треба да покрене дисциплинска постапка против јавниот обвинител, рече Аневски.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он