(ВИДЕО) Андоновски: Агенциското новинарство треба да биде ослободено од политичка обоеност

Од:

Новата новинска агенција „Мета.мк“ www.meta.mk почна со работа и нивната главна цел е да биде достапен и одржлив извор на професионални информации за јавноста, медиумите, институциите и за компаниите.

Зоран Андоновски, директор на Агенцијата вели дека таа ќе се обиде да овозможи поинаков пристап отколку оној што го нудат постоечките новиниски агенции во Македонија.

– По дефиниција агенциското новинарство треба да се тргне од обоеноста, оттаму и Мета.мк ќе се обиде да ги пренесува информациите онакви какви што се. Ние знаеме дека не можеме да бидеме конкурентни на државната агенција, но токму формирањето на Мета.мк е во таа насока – да понуди содржини кои што ги нема застапено на други места, вели за А1 он, Андоновски.

„Мета.мк“ ќе известува на македонски, а наскоро и на албански и на англиски јазик. Преземањето на содржините ќе биде бесплатно за медиумите од Македонија во ограничен временски период.

А.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март