(ВИДЕО) Ана Петровска: Не знам што презеле од Технолаб, се дистанцирам од студијата за гасоводот на Водно

Од:

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска повторно се огради од Студијата за гасоводот на Водно, откако беше посочена како една од експертите кои активно учествувале во нејзината изработка во делот на заштита на животната средина и дека поради тоа не може сега да се брани дека нема никаква одговорност.

-Јас сум работела на оваа Студија во 2008 година, а студијата од она што го гледам сега е во 2011 година реактуелизирано, користенени се делови од мојот инпут кој што сум го правела за гасоводната мрежа во цела Македонија, значи не сум работела само за Скопје-Гостивар-Кичево туку за потребите на цела гасоводна мрежа.

Дел од она што сум работела е преземено од Технолаб, јас не знам во која верзија тие делови се преземани и како изгледа последната верзија на Студијата ниту можам да преземам одговорност за нешто што не сум потпишала. Не сум учествувала во јавна расправа за студијата ниту знам кога е таа одобрена. Навистина се дистанцирам од таа студија целосно, изјави Ана Петровска.

Сепак, таа вели дека она што го напишала за гасоводот било земено со нејзино знаење, но немала никакво влијание на финалната верзија на студијата.

Претходно, реагираше одговорниот експерт за Студијата во 2011 година и од Министерството за животна средина и просторно планирање.
-Студијата е изработена 2011 година. Имаше јавна расправа и беше одобрена. Сите процедури беа запазени. Ана Петровска тогаш беше ангажирана како експерт, стручен соработник. Таа вршеше оценка на влијанието врз животната средина, затоа е и запишана во соработниците што ја изготвија студијата. Тоа беше пред 10 години, тогаш таа не беше секретар во Министерството за животна средина. Беше ангажирана само како експерт, а јас бев одговорниот експерт за студијата, рече Магдалена Трајковска – Трпевска, одговорен експерт за студијата за гсоводот од 2011 година.

-Секој експерт што бил ангажиран во изработка, во овој случај на Студијата за гасоводот има одговорност. ‘Технолаб’ ја ангажирале Петровска како надворешен експерт и сите што работеле на студијата имаат одговорност. Тука нема дилема, изјави Каја Шукова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Нема да има кафуле на падините на Водно

А1он

Арсовска: Средствата што градоначалникот во заминување ги планираше за луксузни канцеларии за себе, сега ќе бидат наменети за развој на младите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов од Есенинова: Изградбата на улици и мостови кои поврзуваат не смее да запре

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Митева: Шилегов изгуби во Скопје со 8.000 гласови, граѓаните се определија за промени!

Ана Ололовска

Поднесени 13 приговори до ДИК за гласањето и за сумирањето на резултатите од изборите

Ана Ололовска

Најмала излезност на локалните избори од независноста на државата, Заев и Мицкоски повикуваат на мобилизација пред вториот круг

Ана Ололовска