Гасовод на Водно: Ана Петровска никогаш не се огради и не реагираше, ниту како ангажиран експерт, ниту како државен секретар

Од:

Секој експерт што бил ангажиран во изработка, во овој случај на Студијата за гасоводот има одговорност. ‘Технолаб’ ја ангажирале Петровска како надворешен експерт и сите што работеле на студијата имаат одговорност. Тука нема дилема, тврди за А1он, Каја Шукова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, откако кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска вчера се огради и посочи дека иако учествувала, сепак не се согласувала со сите делови од гасоводот.

-Што се однесува до одговорноста на Петровска како државен секретар во 2018 година, тука ‘де факто’, одобрувањето на ваков документ е во надлежност на Управата, но таа како највисок државен службеник во Министерството има увид во сите документи. Посебно што се работи за Студија со вакво значење, за заштита на ‘белите дробови на Скопје’. Секако можела да се посомнева, да провери или во најмала рака да иницира формирање на комисија која би ги истражила деталите, би го прецизирала она што е спорно. Некој што е поборник за зелен хуман град, кој е експерт за животна средина, сосема очекувано е да иницира допонителни проверки доколку се работи за Водно, но тоа еве не е направено, вели таа.

-Дополната на Студијата од 2018 година, законски не подлежи на јавна расправа бидејќи не се прави нова студија туку се дополнува со елаборат. Петровска сега вели тоа не било нејзина одговорност, но законски, еве, тоа не било одговорност ниту на заменик – министерот за животна средина, тоа било во надлежност на Управата, но тој сепак се заинтересирал, се ангажирал, истражувал иако министерот ги потпишува документите, вели Каја Шукова, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање.

Магдалена Трајковска – Трпевска, одговорен експерт за студијата за гсоводот од 2011 година не сака да ги коментира оградувањата на кандидатката за градоначалник на Скопје од проектот, но тврди дека Петровска работела како експерт, дека имало јавна расправа и дека тогаш никој не се оградил од некој дел на проектот.

-Студијата е изработена 2011 година. Имаше јавна расправа и беше одобрена. Сите процедури беа запазени. Ана Петровска тогаш беше ангажирана како експерт, стручен соработник. Таа вршеше оценка на влијанието врз животната средина, затоа е и запишана во соработниците што ја изготвија студијата. Тоа беше пред 10 години, тогаш таа не беше секретар во Министерството за животна средина. Беше ангажирана само како експерт, а јас бев одговорниот експерт за студијата.

-Истата студија, на барање на МЕР (Македонски енергетски ресурси) во 2018 година беше дополнета со елаборат во кој беше намалена сечата на дрвјата за потребите на гасоводот. Нова студија не се направи, само ја дополнивме веќе подготвената со елаборат.

-Не ги следам нејзините политички изјави и навистина немам никаков коментар за нејзиното оградување од одговорноста за студијата, изјави Магдалена Трајковска-Трпевска одговорен експерт за Студијата за гасоводот од 2011 година.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска, вчера откако излегоа податоците, призна дека учествувала како експерт во изработка на Студијата за гасоводот на Водно, но и дека не се согласувала со сите делови.

-Ова е една Студија работена пред една деценија, не сум потпишала ништо ниту сум била консултирана за заклучоците, ниту знам кога е одобрена од Министерството за животна средина. Сум дала одредени елементи и поглавја, меѓутоа не можам да застанам да кажам дека целосно ја поддржувам. Јас не сум ја одобрила и не сум застанала зад нејзе, рече Петровска за Студијата за гасоводот.

Во заклучоците од Студијата од 2011, а во чија изработка учествувала Петровска, пишува дека гасоводот на Водно нема да влијае врз квалитетот на животната средина. Петровска го посочи Јани Макрадули дека го водел проектот за гасоводот на Водно, на што тој реагираше следниот ден.

-Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година. Студија направена во 2011 во многу тишина и зад очите на јавноста.

За таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагираа, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година:

Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца, реагираше Макрадули.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска