(ВИДЕО) Александрова: ДУИ го понесе товарот тие да бидат лошите момци за да не биде ВМРО

Од:

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичките елити не треба да ги ставаат своите пратеници во незгодна ситуација за да гласаат сè што е предложено од самите политички партии. За амандманите поднесени за предлог-измените на Изборниот законик, Александрова смета дека тоа е само израз на долгогодишното пријателство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Таа во интервјуто за „А1он“ вели дека измените на Изборниот законик е начин за демократизација на општеството, но додава дека лидерите на партиите не сакаат да се случи тоа бидејќи тие нема да ја имаат сигурноста и комоцијата на лидерската позиција кога пратеник ќе биде избран директно од народот на отворена листа. Илјадниците амандмани ги оценува како блокада да се изгласа нов изборен модел.

„ДУИ го понесе главниот товар да бидат лошите момци во приказната за да не биде ВМРО. Па, сега, ние ќе поднесеме повеќе амандмани, вие ќе поднесете помалку амандмани. Во стилот ние сме преголема политичка партија за да поднесуваме толку амандмани. Меѓутоа, сметам дека и преку тие 600 или 900 амандмани доаѓа до израз нивното несакање да се промени Изборниот законик. Не се спремни за демократски промени во општеството. Не се спремни граѓаните да ги избираат пратениците според личниот интегритет“, вели пратеничката.

Постојниот изборен модел не остава простор таа и нејзините колеги од пратеничката група повторно да се кандидираат на изборите. Александрова вели дека сака да го заокружи своето политичко дејствување кога ќе ја види државата дел од НАТО и ЕУ.

„Со постојниот изборен модел тешко дека ќе се пронајдеме ние како независни пратеници. Морам да потенцирам дека ние сме десничари, тоа е нашето дејствување како опозиција. Засега во ваков изборен модел јас не се гледам на политичката сцена во државата. Кога ќе се создадат услови, можеби повторно ќе се вратам во политиката. Не добивме понуда од матичната партија да бидеме на нејзината листа за пратеници во новиот циклус на избори. Не сме имале разговори со СДСМ за да се најдеме на неговите листи, а јас лично не се пронаоѓам таму бидејќи сум десничар“, рече Александрова во интервјуто за „А1он“.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека води неискрени политики кон членството. Независната пратеничка група имала две средби со него, но немало повици за помирување.

„Повици за помирување немаше ниту од едната ниту од другата страна. Со раководството на партијата имаме дијаметрално спротивни ставови. Имавме две средби со него, по негово барање. Ние сме доведени до ситуација нас да нè исклучи некој што не бил ВМРО, што бил дел од фракции. Е, сега, знаете, вие сте поголем владика и од папата. Членството на ВМРО-ДПМНЕ не ни помислува дека Мицкоски може да биде неискрен со нив. Тие безрезервно му веруваат. По нашето исклучување од партијата, јас имав средба со претседателот на ЕНП, Жозеф Дол и тој ми кажа дека Христијан Мицковски му ветил дека Преспанскиот договор е завршена работа и дека тие како партија тоа нема да го третираат или пак да прават некој неверзибилни процеси. По тој основ, но и по тоа што поднесоа ратификација за членство во НАТО во Собранието, тука на површина излегува неискреноста. Под кое име поднесоа? Под Република Северна Македонија. Тоа е тоа што членството мора да го знае, а поради што јас побарав оставка од Мицковски“, вели Александрова.

Александрова потенцира дека на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им е тешко да излезат со свој став по нивното исклучување од партијата.

„По нашето исклучување и наративот кон нас, организиран од раководството на партијата, а нарекувајќи нè со секакви погрдни имиња, тешко некој од пратеничката група да излезе со свој став. Никој не е спремен да го помине она што ние го поминавме. Со тој говор на омраза кон нас и нашите деца, верувајте ми, не беше лесно да се живее“.

Единствениот начин да се излезе од политичката рапсодија е измена на Изборниот законик, коментира Александрова. Таа ги негира тврдењата во јавност дека ексдиректорот на УБК е нејзин роднина. Пратеничката во интервјуто рече дека ќерка ѝ не била вработена во Фондот за иновации, ниту имала договори со него.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов