(ВИДЕО) Актерките за сексуалното насилство: дел од професијата е понекогаш да сме голи, тоа не смее никој да го злоупотреби

Од:

Четири наши глумици од разни генерации застанаа во одбрана на жртвите на сексуалното насилство и ги поддржаа колешките од регионот, кои, по случајот со актерката Милена Радуловиќ, се охрабрија да зборуваат за своите искуства со сексуални предатори. Иако кај нас досега ниедна од актерките не се огласи со слични искуства, тоа не значи дека ги нема, согласни се глумиците Весна Петрушевска, Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац и Изабела Јакимова. Во дебатата тие беа едноглсни дека се свесни како сè уште поединци гледаат на професијата актерка и дека уште при изборот на оваа професија слушале коментари – „биди спремна дека може да бидеш сексуално вознемирувана“. Отворено и искрено зборуваа за сите состојби што во изминатиот период ја брануваат јавноста, случајот „Јавна соба“, силувањата, менталитетот на осуда на жртвите, говорот на омраза, некултурата.

„Ние не сме вреќа компири, голотијата во уметноста е оправдана и точно се знае зошто една глумица во функција на една сцена ќе се соблече“, вели Павлаковиќ.

Според Леловац, интегритетот на глумицата е важен, но изложеноста на т.н. машки ситуации не секогаш значи дека доаѓа од маж.

Петрушевска вели дека актерската професија подразбира слобода и љубов и дека е злосторство некој да ја изневери довербата што едно дете ја гради кон својот учител или професор по глума.

За Јакимова, проблемот на девојката Ана, чија фотографија во бикини завршила во „Јавна соба“, е тоа што имаме систем на неказнивост и негуваме култура во која не се почитува приватноста.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Весна Бејби до Шаќири: Министре знаете ли колку деца носат ножеви додека вие чепкате по вашиот телефон?

Орце Костов

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

Двајца возрасни и малолетник сексуално злоставувале 14-годишно девојче

Единаесет француски бискупи обвинети за сексуално насилство

А1он

Весна Петрушевска: Македонскиот јазик е нашата тврдина, со него ние војуваме

Горан Наумовски