(ВИДЕО) Весна Бејби до Шаќири: Министре знаете ли колку деца носат ножеви додека вие чепкате по вашиот телефон?

Од:

Актерката Весна Петрушевска Бејби на дебатата за врсничко насилство која ја организираше универзитетот ФОН го прашуваше министерот за образование, Јетон Шаќири дали знае колку деца носат ножеви во училиште, а тој во тие моменти го чепкаше телефонот.

– Министре вие прочитавте бајка. Знаете ли колку деца носат ножеви на училиште? Јас во мојата актерска школа направив анкета на деца од 8 до 14 години. Сите 80 деца ми кажаа дека дека има ножеви во нивното одделение. Супер е тоа што сега ќе правите систем, ќе имате комисии, тимови, ќе се борите против врсничко насилство. Но тоа не е од вчера. Јас мислам дека треба да почнете од децата кои имаат по 12 години и носат ножеви во школо. Никој не пишпува, никој не зборува за тоа. Јас ви гарантирам дека ова што се случи во Србија ќе се случи и кај нас, јас сум секој ден во контакт со деца – рече Петрушевска.

Актерката револтирана од она што се случуваше во соседна Србија му порача на министерот дека тој е првиот човек кој треба да ги придвижи работите во системот.

– Супер е ова ФОН што го прави, но можеби тука ќе застане. Во суштина вие сте првиот човек на нештата што треба да ги придвижат работите и тоа е голема одговорност, но не знам дали ве интересира. Додека вие чепкате по вашиот телефон.

Јас имам проблем како човек што работи со децата. Имате деца кои не сакаат да кажат ништо за врсничкото насилство од страв да не бидат осудени од родителот. А кога ќе приајват на психологот во училиште кој се бави со броење на оправдани и неоправдани отсуства, и кога ќе отидат кај класниот, ништо не се презема. Вчера имав 80 признанија на врсничко насилство.

Тоа се деца кои се кревки. Овие деца имаат се, но треба да се грижиме за нивното ментално здравје кое е табу тема во Македонија. Ви благодарам, погрижете се за ножевите во вашите училишта – додаде актерката.

Министерот Шаќири се осврна на одговорноста на секоја од институциите и на родителите како најважна институција.

– Некој од зборовите и ми се допадна, некој не. Без разлика на тоа што го кажав, таа бајка да биде таква каква што ја замислуваме сите. Сакам да зборувам и за институцијата семејство и родител. Сите треба да придонесеме за тоа, родителството затоа го спомнувам. Училишната чанта е место кај што треба да стојат книгите и тетратките.

Родителот мора да има одговорност и да провери што има. Како мал носев топка за голф со која мислев дека ќе играм фгудбал, но ме искараа родителите затоа што знаеја дека со неа можам да повредам некој со неа. Ова го кажувам затоа што семејството како институција има голема одговорност во целиот процес – истакна Шаќири.

Би можело да ве интересира

Четворица Американци се истепале во Кисела Вода, нападнале и полицајци

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски

Жена е нападната од нејзиниот син во Аеродром