(ВИДЕО) Ако денеска не добијат плата, вработените во ЈСП со своите семејства ќе штрајкуваат во 4.30 наутро

Од:

Вработените од ЈСП и покрај проверките од полицијата по дојавата за бомба во некој од градските автобуси, го одржаа штрајкот и најавија дека доколку не добијат плата денес, ќе се појават пред гаражите во Автокоманда заедно со своите семејства рано изутрина во 4.30 часот.

А денес информираа дека ќе упаднат на вонредната седница на Град Скопје закажана за 14 часот.

– Да не се повторуваме, вработените во ЈСП се гладни, гладни се и нивните семејства. На денешната средба што ја имавме трит репрезентстивни синдикати, се договоривме денес да влеземе на вонредната седница на град Скопје во 14 часот. Но, 14 часот е доцна за да некој одлучи ние да добиеме плата.

Ако не добиеме плата, ние со нашите семејства ќе излеземе на протест пред оваа гаража рано наутро во 4.30 часот. Тоа значи дека автобусите нема да излезат да возат. Сите сме гладни и не можеме да си ги извршуваме своите обврски. Нашиот револт ќе го изразиме од политичките препукувања. Јас се надевам дека ќе седнат да се договорат.

Законскиот рок за плата е 15-ти во месецот, помине ли овој датум, автобус на ЈСП нема да излезе на линија – истакна Миќо Стојановски, Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ).

Би можело да ве интересира

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Штрајк на просветните работници во речиси 160 училишта во Црна Гора