Бедри Ајдари кој е брат на осудениот Фејзи Азири за петкратното убиство на Смиљковското езеро побара од судот да ги ослободи сите обвинети во овој случај бидејќи биле невини како и оние кои беа уапсени за предизвиканите нереди во Скопје и Тетово.
Според Ајдари во земјава не постои независно судство а тоа го покажала пресудата со која неговиот брат е осуден на доживотен затвор.
Како и организаторите на протестот, Ајдари рече дека ќе протестираат се додека сите обвинети не се ослободат.
„Ние сме за правда но не од типот правда само за мене. Затоа и протестираме и ќе продолжиме да протестираме се до конечно ослободување на нашите притворени. Бараме ослободувње на невините. Ние бараме вистинска правда и независно судство“, изјави Ајдари.