(ВИДЕО) Ахмети прогласи победа на ДУИ со освоени 100.000 гласови

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа со освоени над 100.000 гласови на предвремените парламентарни избори.

Press BDI-Kryetari Ali Ahmeti

Press BDI-Kryetari Ali Ahmeti

Posted by Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI on Среда, 15 јули 2020

„Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Ние обезбедивме над 100 илјади гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден 13-ти. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и апсолутна победа“, изјави Ахмети пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.

Според него, ДУИ има најдобри резултати во изборните единици 1, 2, 5 и 6.

Ахмети од говорницата се обрати само на албански јазик, а неговиот говор постојано беше прекинуван од активистите кои еуфорично го скандираа неговото име.

На прес конференцијата присутни беа бројни симпатизери и функционери од партијата кои веќе започнаа со славење.

Насобраните активисти се фатија за оро веднаш по говорот на Ахмети.

Би можело да ве интересира

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата