(ВИДЕО) Ахмети: Приоритет се уставните измени

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е задоволен од конструктивноста на лидерите по средбата во Собранието.

– Разлики имаше но беше конструктивна. Се надевам дека ќе продолжиме со овие средби за да се гради заедничка стратегија за да ја промениме денешницата. Доминираше рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако се отворат прашања од минатото ќе не спречат да одиме кон иднината. Ние сме тие кои бараме членство во ЕУ. Приоритет се даде на уставните измени, рече Ахмети по лидерската средба во Собранието која ја иницираше премиерот Ковачевски, а ја прифатија речиси сите политички партии.

На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.

На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Движењето Беса.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Нашата партија не е формирана за поделби, туку да формира нови работи

Ахмети е опстимист дека ќе има договор меѓу Белград и Приштина

Катерина Павлова-Николовска

Ахмети и Османи на средба со Курти пред преговорите со Вучиќ

Катерина Павлова-Николовска

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Павлова-Николовска

Ахмети за средбата Вучиќ-Курти во Охрид: Се прават последните чекори кон помирување, ги охрабруваме косовските власти

ВИДЕО: Синот на Ахмети заедно со екс странски советник во Владата на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ отворија фирма за струја

Петар Клинчарски