(ВИДЕО) Адвокатот на Верушевски: Овој суд повеќе нема да биде надлежен

Од:

Време е да се размислува за специјалниот јавен обвинител кој од 15-ти септеври ќе ја преземе целокупната работа. Овој суд повеќе нема да биде надлежен, порача Ангеле Илиевски, адвокат на поранешниот прв контраразузнавач Зоран Верушевски во процесот „Пуч“, мислејќи на Кривичниот суд.

Основниот суд, Скопје 1 денеска по втор пат го одложи стартот на судењето по овој предмет затоа што на рочиштето не се појави четвртоосомничениот, претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Судот ја одложи расправата за 5-ти октомври, а дополнително ќе треба да одлучува по предлогот на Јавното обвинителство да му се укине мерката на Заев да се јавува еднаш неделно во судот во Струмица и да му се одреди мерка одземање на патната исправа.

-Сосема е во ред да се задржи мерката задржување на патната исправа бидејќи шетањето во Струмица е веќе бесцелно – прокоментира Илиевски по излегување од судот.

-Останува да видеме – додаде тој – како ќе се одвива политичкиот и правниот развој во Собранието.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Синот на Зоран Верушевски ја снимал објавената снимка од разговрот со Заев

Кристијан Ландов

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов