(ВИДЕО) Адвокати: Пресудата за Љубе е правно нерaзбирлива

Од:

Адвокатите на Љубе Бошкоски, Валдимир Ракочевиќ и Константин Кртовалиев сметаат дека пресудата од 10 години и шест месеци за помагање на убиство е неоснована. Според Ракочевиќ судот во повторената постапка не утврдил кривична одговорност за Љубе Бошкоски а проблем е и заштитениот сведок врз чие сведочење се донесени пресудите во случајот „Ровер“.

„За овој случај судот требаше да донесе ослободителна пресуада. Во обвинителниот акт не содржи објаснување за помагање а кога нема опис на кривично дело за помагање, судот е должен да донесе ослободителна пресуда“, рече Владимир Ракочевиќ.

Константин Кратовалиев пак објасни дека од професионален аспект не може да ја разбере одлуката на судот. Надеж за ослободителна пресуда гледаат во Апелација.

„Ослободителната пресуда во овој момент се наоѓа рацете на Апелациониот суд и неговата принципиелност. Оние препораки кои ги даде Апелација делумно не беа испочитувани од друга страна не беа приложени нови докази и сега имаме нова теорија и пресуда изречена на истите докази“, рече Кратовалиев.

Иако обвинетите во „Ровер“ побараа до правосилноста на пресудата да се на слобода, судскиот совет на никого не му го укина притворот. Ивица Ристиќ бараше да му се укине мерката притвор поради се полошото здравје додека Зоран Трајковски како причина ја наведе должината на притворот или нешто над 800 дена. Според адвокатот Веселиновски судот немал доблест да го укине притворот со оглед на должината на судската постапка.

„И овој пат не се докажа умислата на ниеден од обвинетите дека со умисла помогнале да биде убиен Марјан Тушевски“, рече Веселиновски.

Б.С.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ