(ВИДЕО) Адвокат во случајот за малата Тамара: Ова е пресврт во судењето, а ќе се докажува и трошењето на донациите наменети за лекување

Од:

Адвокатот Љубомир Михајловски кој е бранител на обвинети во случајот за лекувањето на малата Тамара, по денешното рочиште рече дека се потврдило она што тие долго време го кажуваат, односно, дека јавноста во изминатиот период е доведена во заблуда бидејќи на мајката на Тамара и било понудено лекување во странство кое било претходно договорено.

„Таа го одбила лекувањето на Тамара бидејќи сакала да биде азилант на САД или Германија, искористувајќи ја состојбата на нејзината ќерка. Денеска беа утвдени многу факти околу состојби кои се сосема различни од тоа што досега се кажуваше во јавноста. Сметам дека ова е пресврт во судењето и дека во понатамошниот тек на постапката само уште повеќе ќе се докажува околу средства кои се собрани, потрошени, средства кои биле наменети за лекување, а не се искористени за лекување“, рече Михајловски.

Тој рече со материјални докази ќе докажат дека паричните средства, решенијата и формалностите не биле пречка за Тамара да се лекува во странство. Михајловски вели дека ова ќе се потврдува и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Ана Ололовска

Вработен во ФЗО: Мајката на Тамара кажа дека сака да биде медицински азилант, не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пет обвинети не дојдоа на судење за случајот со Тамара

Ана Ололовска

Поднесено обвинение против 12 лица за „несовесно работење“ за смртта на Тамара Димовска

Наум Локоски

Протест пред обвинителство: И Тодоров да одговара за смртта на Тамара

Ана Ололовска

Осомничени повеќе лица за случајот со Тамара Димовска

Ана Ололовска