(ВИДЕО) Адеми: Очекуваме спроведување на сите реформи и враќање на земјата на патот кон евроатланските интеграции

Од:

Изборната кампања и денот на изборите поминаа во демократска амтосфера и им се заблагодарувам на сите граѓани кои придонесоа во вакви околности да се одржат изборите, рече Арбр Адеми од ДУИ.

– Благодарност до сите државни инститиуции особено до ДИК кои придонесоа со својата работа во рамките на Уставот на РМ да се спроведат изборите кои ги задоволуваат стандардите. Исто така посебна благодарност до ОБСЕ и другите набљудувачи кои придонесоа да се одржат овие избори по европски стандарди, вели Адеми.

Тој истакна дека пратениците од ДУИ очекуваат сите да се фокусираат на спроведување на сите реформски процеси и да се врати земјата на патот кон евроатланските интеграции.

– Не очекува важна работа и очекувам дека сите инситуции почнувајќи од Собранието и Владата да се конституираат и да работат за доброто на сите, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата