(ВИДЕО) Ацевска: Во рекорден период ја поставивме секундарната фекална канализација во село Усје, градиме по план

Од:

„Градежните работи за поставување на секундарна фекална канализација во селото Усје забрзано се одвиваат. Фекалниот систем го градиме со поставување на профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот“, кажа Бојана Ацевска, советничка во Советот на општина Кисела Вода.

„Конечно после долги години проблеми поради немањето на систем за одведување на отпадни води, по завршувањето на работните активности подобри услови за живот ќе обезбедиме за околу 1500 жители.

Средства за изградба на канализацијата која ќе се одвива во следните осум месеци ги обезбеди Општина Кисела Вода.

Го исполнуваме ветеното и работиме во интерес на граѓаните“, изјави Бојана Ацевска, советничка во Советот на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус