ВИДЕО: 37 години од формирањето на Единицата за специјални задачи

Од:

Секогаш подготвени за ефикасно и брзо соочување со опасностите, припадниците на Единицата за специјални задачи не прават горди, но истовремено прават да се чувствуваме безбедни и сигурни, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на свеченоста во касарната Илинден во Скопје, со која беа одбележани 37 години од формирањето на Единицата за специјални задачи.

-Почнувајќи од 1981 година па до денес, оваа единица е гарант на безбедноста и сигурноста на државата и нејзините граѓани. Составена е од високопрофилирани професионлци, кои воспоставија строги критериуми и дисциплина за нејзино дејствување. Глобалните закани предизвикуваат аларм во секое општество и држава. Борбата против сите облици на криминал, а особено борбата против тероризмот бараат добро подготвен и функционален систем на национална безбедност. Тигрите се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита. Подготвени да дејствуваат во непредвидени ситуации, со исклучително висок ризик по сопствениот живот, најчесто во животно загрозувачки ситуации овие припадници дејствуваат единствено под командата за заштита и чување на државата и граѓаните- рече министерот Спасовски.

Потсетете се на сите моменти кога политичките несогласувања или тензии се закануваа на безбедноста, а понекогаш и предизвикаа влошување на безбедноста. Тие беа на првата линија, подготвени за дејствување,рече Спасовски.

-За жал, трендот на негативни политички влијаниа и тенденциозно дејствување не ја одмина ниту оваа единица. Секој разумен политичар, одговорен за иднината на својата земја, знае дека дејствувањето на оваа единица не смее да биде политички мотивирано и насочувано. Се сеќавате на настаните минатата година, кога иако животот на граѓаните и безбедноста на државата беа сериозно загрозени, Тигрите беа спречени да одговорат на своите должности и обврски. Ова никогаш повеќе не смее да се повтори. Не смееме со своето политичко дејствувње да нанесуваме штета на угледот на овие професионалци. Затоа, колку ја почитуваме сопствената држава и колку сме национални свесни покажува односот кон овие припадници, но и кон сите припадници на полицијата. Девет години без нови униформи, со ограничени ресурси за работа, во непристојни услови за работа, зарем ова е националната одговорност кон припадниците кои се дел од безбедносниот систем на државата? За да имаме сигурни граѓани, мора да имаме мотивирана полиција. Мотивирана преку создавање и одржување на пристојни услови за работа, опремени со модерна опрема, функционална и ефикасна која ќе им овозможи брзо и ефикасно дејствување. Опрема и инструменти кои ќе им го заштитат животот, а тие ќе ја заштитат државата-рече Спасовски.

Министерот Спасовски потенцира дека е неопходно оваа исклучително чувствителна задача да им се остави на професионалците.

-Ја упатувам мојата поддршка секогаш да ги браните своите професионални интереси, чесно и одговорно како што им доликува на Тигрите, зошто само така ја браните државата и ги чувате граѓаните. Не дозволувајте моќта на власта да ви го наруши угледот, и вашиот и на државата. Но, покрај мојата поддршка за професионално дејствување, ја имате и мојата поддршка за модернизација и опремување на оваа единица, како и полицијата во целина. Само задоволна полиција може да одговори во целост на современите предизвици. Легитимно е да зборуваме за вашите одговорности и задачи, но не смееме да заборавиме и на вашите потреби и неопходности за ефикасно дејствување. Тековите во општеството често предизвикуваат несакани појави, но заедно ќе ги надминеме и ќе ги елиминираме негативните последици. Ви стојам на располагање, како и досега да ги зачуваме и унапредиме професионалните стандарди за ваше дејствување. Да создадеме услови за ефикасно функционирање на системот на безбедност и сигурност. Почитувани припадници на Единицата за специјални задачи, ви го честитам денот на вашето формирање и заедно да се вложиме во сите ваши наредни успеси, тоа се успеси на државата- рече министерот Спасовски.

Командантот на ЕСЗ Митко Даневски потенцира дека да се биде припадник на оваа елитна единица е огромна гордост и чест, но уште поголема е обврската и одговорноста.
-Свесни за значењето и улогата на оваа единица, чувствувам должност да упатам порака дека Единицата за специјални задачи ќе остане високо обучена, мотивирана и професионална формација која во соработка со останатите субјекти во системот на одбрана и безбедност, ќе продолжи по секоја цена да ги чува мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните на Република Македонија- рече Даневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски