ВИДЕО: 13-та „Дарувај крв-спаси живот“ акција на СДММ Прилеп

Од:

„Ова е 13-та по ред крводарителска акција, која под мотото „Дарувај крв-спаси живот“ Локалниот клуб на млади при Општинската Организација на СДСМ од Прилеп, заедно со црвениот крст, традиционално ја организира пред новогодишните празници.

Со задоволство можам да изјавам дека крводарителската акција, од година во година добива се поголем одзив, не само од членството на СДСМ, туку и од страна на граѓаните на Општина Прилеп“, вели Славчо Ѓорѓиоски – СДММ Прилеп.

„Впрочем, ваквите хумани активности, ние младите социјалдемократи ги организираме со цел да им помогнеме на сите граѓани подеднакно, кои имаат потреба од оваа драгоцена течност.

Свесни сме дека секоја капка крв се брои, дека потребата од крв е секојдневна и дека на овој начин многу животи можат да бидат спасени или продолжени. Затоа, апелираме до сите граѓани, да бидат хумани, да бидат солидарни, да даруваат крв и да спасат нечиј живот“, рече на денешната прес-конференција Славчо Ѓорѓиоски – СДММ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците