Вицепремиерот Бесими во посета на Албанија

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе престојува во Албанија, каде ќе има средби со министрите за европска интеграција и за надворешни работи, Клајда Ѓоша и Дитмир Бушати.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) најави дека на состаноците ќе се разговара за процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот, како и за билатералната соработка во процесот на евроинтеграцијата.

– Вицепремиерот Бесими вчера и честиташе на политичката елита на Република Албанија за придонесот и работата од страна на сите државни структури за добивањето статус на земја-кандидат од Европската унија.  Бесими му честиташе на премиерот на Албанија Еди Рама, министерот за европска интеграција Клајда Ѓоша и на министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и ќе се зајакне врз основа на заемниот интерес на двете земји за членство во Европската унија, соопшти СЕП.

Би можело да ве интересира

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање