Вевчани со одѕив од 49,22 отсто до 15 часот, во целата земја одѕивот е 31 отсто

Од:

До 15 часот, на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се од 3435 избирачки места од вкупно 3490.

Најголем одѕив до 13 часот ДИК регистрира во Вевчани каде до 15 часот на гласање излегле 49,22 отсто од запишаните гласачи.

Во Изборната единица (ИЕ) 1 одѕивот до 15 часот е 34,51 отсто, во ИЕ 2 е 29,96 отсто, во ИЕ 3 е 37,24 отсто, во ИЕ 4 одѕивот до 15 часот е 35,56 отсто, во ИЕ 5 гласале 31,51 отсто од гласачите и најмал е одѕивот во ИЕ 6 каде на гласање излегле 22,85 отсто.

Портпаролот Шабани ги издвои општините со повисок одѕив.

„Во ИЕ 1 поголем одѕив е забележан во Карпош 38,4 отсто и Центар 38,82 отсто. Во ИЕ 2 општини кои се издвојуваат се Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто. Во ИЕ 3, каде што вкупниот одѕив е 37,3 се издвојуваат Берово со 41,09 отсто, Градско со 37,62 отсто, Лозово со 42,46 отсто и Пробиштип со 44,32 отсто. Во ИЕ 4 се издвојуваат Гевгелија со 44.01 отсто, Неготино со 41,5 отсто и Демир Капија со 42,52 отсто. Во ИЕ 5 со вкупен одѕив од 31,76 отсто се идвојуваат Вевчани со 49,22 отсто, Крушево со 47,02 и Дебарца со 36, о7 отсто. Во ИЕ 6 ја издвојувам општината Гостивар со 23,65 отсто, Тетово со 26,17 отсто и Јегуновце со 25 , 21 отсто“, рече Шабани.

Официјални приговори не се пристигнати до ДИК, а се случиле ситни технички проблеми, за кои портпаролот Шабани вели дека веднаш биле решени.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски