Во Македонија утринава е облачно, а во западните делови има врнежи од дожд кои локално се пообилни. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, но во Пелагонија и Штипскиот регион е позасилен. Во Битола ветерот достигнува брзина до 54 километри на час, а во Штип од 86 до 97 километри на час.
Најмногу дожд до 8 часот наврнал во Пожаране – 11 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Крушево, Тополчани и Охрид само еден литар на метар квадратен.
Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -4 степени, а најтопло е во Демир Капија со минимална температура од 8 степени. Во Струмица, Ѓуриште, Пожаране и Крива Паланка измерени се -1 степен, во Штип, Скопје, Тетово и Куманово нула степени, во Прилеп, Виница и Битола 1 степен, во Гевгелија, Маврово, Крушево и Лазарополе 2, во Тополчани 3, во Охрид и Дојран 4, во Претор 6 и во Дебар 7 степени.
Снежна покривка сеуште има во Ѓуриште, Крива Паланка, Крушево и Берово.
