Вест до меѓународната заедница:Смената на Михајловски е отворен обид Владата да го скрши Вест

Од:

Уредничкиот Колегиум на Реадкција Вест упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а врзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник Горан Михајловски.

Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, Редакцијата се соочува со политички обид да се затвори Вест, најпопуларниот дневен весник во Македонија.
„Се сомневаме дека тајмингот за политичкото преземање на Вест е намерно темпиран за време на престојните празници, за да се избегне вниманието на јавноста и особено на претставниците на меѓународната заедница во Македонија.

Колегиумот на Вест на чело со Михајловски стравува дека смената е отворен обид од Владата да го скрши Вест како уште еден силен глас што успеа да даде приоритет на јавниот интерес пред партискиот и владиниот интерес и да промовира граѓански активизам.
Досега, Колегиумот на Вест истрпе политички притисок преку менаџментот на МПМ за многу објавени и необјавени теми и вести, а имаше и цензурирана насловна страна.

Стравуваме дека смената на Михајловски како главен уредник неминовно ќе значи и смена на уредничкиот Колегиум и ќе ја укине уредувачката политика водена од високите стандарди на балансирано новинарство и заштита на јавниот интерес, “ се вели во апелот од Колегиумот на Редакција Вест.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време