Весникот „Илинден“ го одбележува петтиот роденден

Од:

Единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“ што го издава истоименото друштво одбележува пет години од печатењето на првиот број.

Светлото на денот, првото издание, го виде на осми февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора ширум светот.

– Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта до нашата редакција, како и од другите преписки со читателите, евидентно е дека весникот „Илинден“ прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите е интересен и е од полза за македонското малцинство во Република Албанија. Но, исто така и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население вон границите на својата држава, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Според него, во дел од дописите се истакнува и дека читателите искажуваат особена почит кон редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор.

– Во нив исто така се оценува дека нашата мисија да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваме. Исто така, ни искажуваат голема подршка и надеж дека нашата активност целосно ќе биде поддржана од државните институции како на Република Албанија, така и на нашата матична земја, Република Македонија, додава Ѓурѓај.

По повод петгодишниот јубилеј, од име на редакацијата, Ѓурѓај се заблагодарува на сите соработници, читателската публика, која, како што истакнува, со искажаниот интерес кон содржините покажа дека ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски