А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вештак во „Монструм”: Има неточни податоци во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир

by А1он25/09/2020 - 12:1925/09/2020 - 14:07719
Share0

Поранешно надворешно обезбедување на МРТВ, сегашен инспектор за општ криминал во СВР Тетово, Арменд Ганиу, денеска сведочеше во случајот „Монструм”, како лице кое во 2012 на денот на убиството во Смилковско Езеро, разговарало со негови блиски да дознае нешто повеќе на настанот.

Добивај вести на вибер

– Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. Потоа му се јавив на Фадил, бидејќи тој во тоа време беше близок со Мендух Тачи, и тој не знаеше. Јас бев збунет и затоа му се јавив, рече сведокот Ганиу.

Свое повторно сведочење за овој судски предмет денеска имаше и вештакот Снежана Николовска, кој за разлика од претходниот пат сведочеше за нејзината лиценца.

– Немам лиценца за вештачење на земја, затоа што не постои таква лиценца. Имам лиценца за вештачење во Хемиска лабораторија, за микро траги, огнено оружје, земја, текстилни влакна и за деривати. Лиценцата гласи во мое име. Не се сеќавам дали сум поседувала лиценца кога е извршено вештачењето, наведе вештакот Николовска, која додаде дека ги чува сите примероци од вештачената земја.

Таа уште истакна дека во овој случај правела исклучок и сама била на местото Враживир (каде е најдено возилото ,,Опел Омега”) да земе примерок од земјата.

Николовска рече и дека вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.

– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следеше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесни дека е ова е лажен документ, и по чија наредба го направила тоа.

– Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.

Нејзиниот распит за денешното рочиште денеска заврши, со одлука за следните пет дена да достави дополнителни списи од вештачењето и примерок од лиценца за вештачењето.

monstrum

Би можело да ве интересира

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 11:15

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Предраг Петровиќ15/09/2023 - 15:59

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Горан Наумовски06/09/2022 - 14:01

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он30/12/2021 - 16:21

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Катерина Ѓуровски16/09/2021 - 15:10

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов02/06/2021 - 11:3402/06/2021 - 15:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен