Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

Од:

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со случајот.

Вештото лице Снежана Николовска, хемичар од МВР извршила вештачење на земени примероци земја од калниците на автомобилот “опел омега” со кој наводно бегале убијците и примерок земја која била непосредно до едно од мртвите тела кај Смилковското езеро.

По извршеното вештачење, Николовска утврдила дека овие две примероци се совпаѓаат што значи дека автомобилот “опел омега” бил кај Смилковското езеро.

Николовска земала примероци и од земјата кај Вражји вир, каде е пронајден автомобилот, но таа не се совпаѓала со онаа покрај мртвото тело кај Смилковско езеро.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски