Вес Мичел утре во Скопје, в четврток во Атина

Од:

Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, ќе пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Скопје.

Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што американскиот помошник државен секретар на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.

Мичел од денеска ја почнува својата турнеја по земјите од Балканот, која ќе трае до 17 март. Тој денеска пристигнува во Приштина, утре е во Скопје, а потоа ќе ги посети Белград, Атина и Никозија.

Би можело да ве интересира

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници