Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Од:

Ексразузнавачот и советник за безбедност на премиерот, Зоран Заев, Зоран Верушевски ја тужи државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје. Оштетното побарување на Верушевски 4 милиони и 104 илјади денари или приближно 71 илјада евра.

Верушевски пред судот рече: “Мотивот на оваа правна иницијатива е да се заокружи личната семејна Голгота која ми ја наметна државата со конструкција без преседан во историјата на државата. Бев неосновано обвинет за најтешки дела од велепредавство и шпионажа до монструозно обвинение поврзано со педофилија и лична дискредитација”, рече вознемирен Верушевски пред судијката Јехона Садику.

Верушевски кажа дека сите оние кои му го скроиле ова се надвор од лицето на правдата, алудирајќи на обвинителството и полицијата.

„Ниту бегството на поранешниот премиер не беше доволно, сите инволвирани во вакви злоупотреби да бидат изведени пред лицето на правдата“, кажа поранешниот разузнавач и дополни дека сака да верува оти ваквите злоупотреби ќе бидат последни.

„Не беше лесно тие денови да се биде пријател на Верушевски. Тортурата на медиумите го докусуруваше секој член на семејството“.

Медиумите кои ја бранеа власта беа немилосрдни, рече Верушевски кој во тоа време бил декан на факултетот за безбедност при универзитетот ФОН.

Верушевски рече дека независно дали тогашните провладини новинари, како што рече, го промениле рувото, тие засекогаш ќе останат на столбот на срамот.

Верушевски, како што кажа неговата адвокатка пред судот, доживеал душевна болка поради неоснованото апсење и држењето во притвор 344 дена за што беше доставен психијатриски наод.

Претставникот од правобранителството рече дека не се противи на барањето на тужителот, туку само на износот.

Изрекувањето на пресудата е закажно на 4 ноември.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, го товареше ексразузнавачот Зоран Верушевски за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Верушевски од јануари 2015 до крајот на декември 2015 беше година беше во притвор. СЈО го повлече обвинението за случајот.

Би можело да ве интересира

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

Синот на Зоран Верушевски ја снимал објавената снимка од разговрот со Заев

Кристијан Ландов

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов