Верушевски во Обвинителство испрашуван само за незаконско поседување оружје

Од:

Екс првиот разунувач Зоран Верушевски, притворен во акцијата „Пуч“ во Јавното обвинителство, бил испрашуван исклучително за двата пиштоли кои беа пронајдени во неговиот дом. Според неговиот адвокат Ангеле Илиевски на Верушевски не му било поставено ниту едно прашање поврзано со кривичното дело шпионажа.

– Кога го прашав обвинителот за кое дело ќе биде распитот тој убаво си кажа „за тоа што е обвинет, за незаконско поседување на оружје од 1982 година“. Ништо друго.Малку беше повреден. Ми рече ако сакаат да се пресметаат со мене во ред, но што ми го затвораат семејството. Многу е храбар – вели адвокатот Илиевски за Плусинфо.

Едниот пиштол Верушевски го добил во 1983-та додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не треба дозвола.Вториот, добиен како награда од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски, исто така е е регистриран.

Би можело да ве интересира

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Синот на Зоран Верушевски ја снимал објавената снимка од разговрот со Заев

Кристијан Ландов

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов