Верник на верникот верник

Од:

Природноматематичките закони на вселената велат дека светот се заснова врз различности. Различноста на плус и минус наелектризираноста создава енергија. Енергијата создава чуда!

Таа има многу форми, но само еден именител кој се вика енергија. Енергијата создала многу феномени во природата за кои и ден денес нема докази и објаснувања. Сите слегнувааат со рамења повикувајки се на податокот дека тие феномени се создаваат од некаква необјаснива сила.

Еден изустува „у име оца и сина и свјатого духа“, друг изустува „Bismillahirramanirahim“, а трет „In nomini padre, fili, et spiritus santi“! И сето тоа, во сите верзии завршува со еден ист збор – „Амин“!

Зборот амин на сите меридијани во превод знаши „нека биде така“! А сите коридори со тој збор водат кон само една и единствена адреса, велат, кај Господ! Тој е еден, единствен, најголем и семоќен. Не постои друг освен еден господ. Никој не му е рамен (Сура El Ihlas / Куран). Христијанот ке изусти „Господ е голем“, а муслиманот на арапски „Alahu Akbar“.

И тука, започнува приказната на колумнава. Колку навистина сме запознаени со религиите на кои не им припаѓаме? Дали сме добро информирани за религијата на комшијата, на пријателот, на познаникот? Што е тоа што не чини ралични а исти? Што е тоа што не тера да замолчиме пред галаксијата и да побараме помош во одреден момент од нешто што е вон нас, вон светот, галаксијата, универзумот?

Различните религии кои во своето секојдневно практикување и вера се толкуваат на различни јазици и во различни опкружувања, сами по себе создаваат различни амбиенти, но потполно ист филинг. Филинг во кој се соединуваме со бога и во кого веруваме како спасител. Спасител од кого? Од самите нас! Од маките и неволите кои не следат во животот и од појакото од нас, а олицетворено во нешто што не можеме да го контролираме.

А сето тоа создадено од нас, малите суштества пред бога кои тој ги направил малецки, смртни и немоќни. Балканот е раскрсница на цивилизации. Р. Македонија е раскрсница на балканот. Мултикултурата, мултиконфесијата, мултилингвалноста и мултинационалноста си носат секој свое обележје и специфичности. Низ историјата не само на балканот, туку на човештвото, тие различности биле под „секој свој бајрак“, создавајки секој своја приказна, своја вистина и свое наследство. Свои војски, армади и спасители.

Една нишка од историјата била и религиозната конфликтност. Под различни бајраци, вербата во бога но, пред се своите војсководци, се излеала река крв, создавајќи исконски антагонизам до ниво на непријателство. Каде е парадоксот? Парадоксот е во тоа што над сите неба и во сите битки бдеел еден ист господ за сите и во чие име парадоксално се леела крв.

Но,.. тој ниту е виновен ниту може да биде виновен. Нашата маленкост како луѓе измислила две нешта. Политика и пари! А тие… сето останато!

Вистински муслиман верник, не убива невин човек! Ниту пак христијанин! Тој што навистина знае малку повеќе за религијата, ке си признае себе си дека не постои прав верник кој би одземал туѓ живот без причина. Со апсолутен респект кон Исусовата универзална и вселенска човекољубивост, сакам да потсетам (и илустрирам) дека и куранот вели „Боже, упати не на патот на оние кон кои ја разлеа својата благодет, а не на патот на оние на кои ја разлеа лутината своја и на оние кои залутаа (Сура El Fatiha / Kuran)“.

Што сакам да кажам? Употребата на религиските конотации во дневнополитичките рошомонијади немаат никаква врска со суштината на фундаментите на религиите. Не и на Исламот. Јас сум муслиман сунит (Elhamdullillah), не сум му адвокат на исламот, туку приврзаник и верник во зборовите на Мухамед а.с. и Куранот. Следбеник на мислењето дека Исламот е највисокото ниво на монотеизмот во историјата на човештвото.

Пред себе, бога, луѓето и честа категорично тврдам дека вистински муслиман не одзема туѓ живот, затоа што секој еден вистински муслиман знае дека животот го дава само Бог и тој може да го одземе.

Двата носечки етникума се истовремено припадници во најголем дел на две не велам спротивставени, туку различни религии. Меѓуетничките разлики во културолошка смисла а во кобинација со дневнополитичките циркузи создадоа антагонизам до граници на тотална биполарност. Биполарноста е спектар на разлики кои за да се надминат треба добра воља од двете страни.

Сите религии кои постојат, па така и на македонско тло, во себе носат лепеза на човечки ликови кои во секојдневието може да бидат криминогени, под лажен вел на „божја заштита“, под влијание на дневна политика или процеси кои во пошироки рамки се косат со темелните филозофии на пораките на Хазрети Муса (Мојсеј), меѓу кои е и онаа која вели „не убиј“.

Дали и зошто луѓето под дифолт препознаваат непријател во секој следбеник на поинаква религија од својата? Дали и зошто, а во немање доволно информации и едукација за туѓите религии веднаш препознаваме непријател. Та, доколку еден човек е верник, а нели верникот под дифолт е богоплашлива личност која ги следи зборовите за подадена рака, сомилост, помош и љубов, нели треба да има срце за секој божиј створ!?

Првиот објавен ајет во Куранот вели „Хикре, бисми“ што во превод значи „учи, читај“! Ако тоа го следиш, тогаш и ќе научиш дека сите ние сме исти и еднакви деца на севишниот. Но, тоа не се однесува само на муслиманите, туку на целото човештво.

Ми смета тоа што на нивоата кои не се доволно едуцирани и информирани, се создава претстава дека секој еден припадник на муслиманската вероисповест е потенцијален терорист и убиец. Категорично застанувам во одбрана на тезата дека исламот е религија која во себе носи пораки за вонвременски висок ниво на морално однесување.

Секако, со апсолутно кристален респект и почит кон христијанството. До каде го вмешавме бога во дневнополитички цели? До кога (посебно младите) ќе градат имиџ на „баба роги“ од секој еден што носи брада и што во својата религија со својата филозофија пронаоѓа „Modus Vivendi“ (животен модел).

Секоја религија има свои следбеници кои се на степен на фанатизам, но дали фанатизмот некој треба по автоматизам да го третира и како радикализам? Зборуваме за две различни полиња на дефинирање. Фанатизмот е во сверата на психологијата, а радикализмот е социолошко општествена дефиниција. Имам блиски пријатели христијански свештеници со кои Често дискутираме за различни нивоа на духовност.

Дали највисоките степени на духовност се и потенцијални радикали? Убијци за сметка на својата религија? Секако не! Но! Секако, социјалните девијации и криминални дејствија немаат врска со религијата. Ако е „верникот на верникот верник“, на која и да е религија да и припаѓа, тој секогаш ке подржи и полиција, и суд, и војска, и закон… А се во функција на бериќет, на мир и на молитва. На верникот е да биде понизен пред бога и да се моли, на полицијата, судот, чуварот на општествениот мир да си ја работи својата работа, секако со подршка на секој еден верник,.. било кој,.. било чиј!

Агим Јонуз

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска