ФОТО: Верниците од Куманово го прославија празникот Богојавление-Водици

Од:

Верниците од Куманово го прославија  празникот Богојавление- Водици. Близу 40 момчиња скокнаа по  крстот  во базенот во дворот на Соборниот Храм  Свети Никола.

Најсреќен меѓу нив беше 20 годишниот Виктор Петковски од Куманово. Тој изјави дека петти пат скока по крстот и дека веќе има искуство.

kumanovo-vodici1

– Прв пат имам  среќа да го фатам крстот. Господ на сите да ни даде благослов, среќа и мир, изјави дваесетгодишниот Петковски, кој додаде дека годинава очекува и спортски успеси на екипите од Куманово.

kumanovo-vodici2

Отец Игор Здравковски  информираше дека во сите православни храмови во Куманово каде што има услови се фрла крстот, а момчињата скокаат за благослов од Бога.

Празникот Богојавление-Водици масовно го прославија верниците од Кумановско кои во различни цркви го следеа фрлањето на крстот.

kumanovo-vodici3

Дел од нив пресекоа славски колач за здравје и благосостојба и си зедоа осветена вода.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе