„Вело родео“ во Кочани

Од:

Невладината организација „Еко лоџик“ по петти пат го организира настанот „Вело родео“, кој денеска се одржа во градскиот трговски центар на Кочани.

Во рамките на манифестацијата „Вело родео“ која годинава се реализира во соработка со граѓанската иницијатива „Мрдни со прст”, децата учесници возеа велосипеди за да им помогнат на другарчињата од социјално загрозените семејства.

– Идејата на настанот е да се промовира велосипедот како средство за транспорт во урбани и рурални средини, како и начин на забава. Овој пат возиме со децата за остварување на хуманитарна цел, а тоа е обезбедување на велосипеди за деца од сите етникуми, кои се во тешка економска состојба, деца без родители и сите останати кои имаат потреба, ни изјави Марко Новески, од граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“.

На настанот учествуваа околу 20 училишта од источна Македонија. По завршување на настанот, теренот со велосипедските препреки беше отворен за децата во публика.

Инаку настанот побуди голем интерес кај кочанчани кои масовно го проследија истиот.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно