Вело родео во центарот на Кочани

Од:

Вело родео напладне ќе се одржи во центарот на Кочани на кое ќе учествуваат ученици од 20-тина училишта од источна Македонија. Тие преку игра, забава и едукација ќе ја пренесат пораката за придобивките од возењето велосипед.

Покрај забава и едукација на овој настан, кој е во организација на здружението на граѓани Еко Логик, Мрдни со Прст и Основното училиште Раде Кратовче од Кочани, ќе им бидат доделени три велосипеди на најдобрите три училишта на Вело родео натпреварот што ќе можат да ги користат понатаму во своите наставни програми.

По завршување на натпреварот, теренот со велосипедските препреки ќе биде отворен за целата публика.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски