Вељаноски за „Монструм“: Ми беше тешко да молчам, а бев цел на класични лаги и измислувања

Од:

Трајко Вељаноски по рочиштето за предметот „Монструм“, каде се споменуваше неговото име, посочува дека  долго време бил цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на лаги и измислувања. Тој преку статус на социјалните мрежи вели дека Македонија е поле каде неморалните, лажливците и луѓето без етика, изминативе неколку години успевале најмногу.

„Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм. Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување. Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот. Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години немаат морал. Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш“, пишува Вељаноски.

Името на Вељаноски на рочиштето за „Монструм“ беше првпат споменато од таткото на едно од убиените момчиња, Горан Наќевски. Тој го пораша доскорешниот премиер Зоран Заев дали мајките, кога биле на состанок кај него, го прашале за вмешаност на Вељаноски во убиството и што им одговорил тој.

„Не се сеќавам точно на разговорите со мајките на децата убиени кај Смилковското езеро. Ако сум кажал таква работа, тоа било бидејќи доаѓале секакви информации. Поставувавте секакви прашања кои мислевте дека ќе ве доведат до вистината. Искрено, без било какви обиди за манипулација или било какви скриени намери, секогаш сум ги давал одговорите пред вас и пред јавноста. Овде ќе напоменам дека во период кога беше јасно дека поседувам сериозни докази за неовластено прислушкување сум можел да користам секаков вид на интригантни изјави од било кој карактер и било кој случај за било какви интереси – но тоа никогаш не сум го направил. Не се сеќавам на прашањето за Трајко Вељаноски. Но, ако ме прашате дали имам докази против него – не сум видел и немам никакви докази против него, освен неточни писанија кои сум ги видел во медиумите од квази-новинари”, рече тој.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски